И проверувајте ги сирачињата сè додека не стасаат за брак, а ако се уверите дека се зрели, тогаш, врачете им ги имотите нивни! И не трошете ги расипнички и во брзање, додека не пораснат! Кој е богат нека се воздржи, а кој е сиромашен нека троши толку колку што е неопходно. А кога ќе им ги врачувате имотите нивни, сторете го тоа во присуство на сведоци, бидејќи доста е тоа што ќе полагате сметка пред Аллах!