Ви се забрануваат: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, и сестрите на татковците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките од браќата ваши и од сестрите ваши, и помајките ваши што ве доеле, и сестрите ваши по млеко, и мајките на жените ваши, и паштерките ваши кои се под ваша закрила од жените ваши со кои сте имале брачни односи, – но ако со нив не сте имале брачни односи, тогаш не правите грев! – и жените на вашите родени синови, и две сестри одеднаш да ожените, освен тоа што било претходно! Аллах навистина простува и Милостив е!