Тие од тебе бараат толкување. Кажи: „Аллах ќе ви го каже прописотза келала: ако некој умре, а нема дете, но има сестра, нејзе ѝ припаѓа половина од неговото наследство, а тој ќе ја наследи неа ако таа нема дете; а ако се две сестри, на нив им припаѓаат две третини од неговото наследство. А ако се браќа и сестри, тогаш на машкото му припаѓа колку на две женски.“ Тоа Аллах ви го објаснува за да не заталкате. А Аллах знае сè!