О, следбеници на Книгата, не застранувајте во своето верување и за Аллах зборувајте ја само вистината! Месих, Иса, синот Мерјемин, е само Аллахов Пратеник, создаден е со Зборот Негов кој на Мерјем ѝ го достави, и живот му даде; затоа верувајте во Аллах и во Неговите Пратеници и не велете: „Тројца се!“ Престанете, подобро е за вас! Аллах е само еден Бог, славен нека е Тој, зарем Тој да има дете?! Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Аллах е доволен сведок.