А вам ви припаѓа половина од тоа што ќе го остават сопругите ваши, ако немаат дете; а ако имаат дете, тогаш ви припаѓа четвртина од тоа што го оставиле откако ќе се изврши пораката која ја оставиле или откако ќе се подмири долгот. А ним им припаѓа четвртина од тоа што вие ќе го оставите, ако немате дете; а ако имате дете, ним им припаѓа осмина од тоа што сте го оставиле откако ќе се изврши пораката која ќе ја оставите или откако ќе се подмири долгот. А ако мажот или жената немаат ни родители ни дете, а имаат брат или сестра, тогаш секој од нив двајца ќе добие шестина; а ако бидат повеќе, тогаш заеднички ќе учествуваат во третината откако ќе се изврши пораката која е оставена или откако ќе се подмири долгот, не оштетувајќи никого со тоа. Тоа е порака од Аллах! А Аллах сè знае и Благ е.