Аллах во врска со вашите деца ви налага на машкото да му припадне колку и на две женски деца.[1] А ако има повеќе од две женски, на нив им припаѓаат две третини од тоа што го оставил, а ако е само една, нејзе ѝ припаѓа половина. А на родителите, на секој посебно му припаѓа шестина од тоа што го оставил, ако има дете. А ако нема дете, а го наследат само родителите, тогаш на неговата мајка ѝ припаѓа третина. А ако има браќа, тогаш на неговата мајка ѝ припаѓа шестина откако ќе се изврши пораката која ја оставил или откако ќе се подмири долгот. Вие не знаете кој ви е поблизок според користа, родителите ваши или синовите ваши. Тоа е Аллахова заповед! А Аллах, навистина, сè знае и Мудар е!