Потоа, по неволјата, спокојство ви влеа. Некои од вас сон ги фати, додека другите се грижеа само за себе, мислејќи за Аллах нешто невистинито, со пагански мисли, велејќи: „Имаме ли ние некаков удел во победата?“ Кажи: „Сета победа Му припаѓа само на Аллах!“ Тие во себе го кријат тоа што тебе не ти го покажуваат. Велат: „Да имавме некаков удел во победата, немаше тука да изгинеме!“ Кажи: „И во куќите свои да бевте, повторно тие на кои им е судено да загинат, на местата на своите погибии би излегле, за Аллах да го искуша тоа што е во градите ваши и за да го испита тоа што е во вашите срца!“ А Аллах добро знае што е во градите сечии!