Каде и да се најдат, ќе бидат понижени, освен ако се под Аллаховата заштита и под заштитата на другите луѓе. Тие Аллаховиот гнев го заслужија и ќе ги снајде беда, затоа што во Аллаховите зборови не веруваа и затоа што веровесниците неправедно ги убиваа, и затоа што на Аллах непокорни Му беа, и затоа што во грешењето секоја граница ја преминаа.