О, верници, не земајте ги Моите непријатели и своите непријатели за блиски пријатели, искажувајќи кон нив наклоност, а тие ја негираат Вистината која ви доаѓа, и го протеруваат Пратеникот, а и вас, само затоа што во Аллах, Господарот ваш, верувате, доколку сте излегле заради борба на Мојот пат и барајќи го Моето задоволство. Вие тајно љубов им искажувате, а Јас го знам и тоа што го криете и тоа што јавно го правите. А кој од вас тоа ќе го прави, па тој скршнал од Вистинскиот пат.