Зарем не знаеш дека Аллах знае што има на небесата и што има на Земјата? Нема тајни разговори меѓу тројца, а Тој да не е четвртиот, ниту меѓу петмина, а Тој да не е шестиот, ни кога се помалку ни кога се повеќе, а Тој да не е со нив каде и да се; Тој на Судниот ден ќе ги извести за тоа што го работеле, бидејќи Аллах сè добро знае.