О, верници, кога ќе сакате намазот (молитвата) да го извршите, лицата свои и рацете свои до зад лактите измијте ги – а дел од главите свои допрете ги – и нозете свои до над зглобовите, а ако сте џунуб, тогаш искапете се; а ако сте болни или на пат или ако сте извршиле физиолошка потреба или ако со сопругите сте се состанувале, а не можете да најдете вода, тогаш со рацете свои чиста земја допрете и со нив допрете ги лицата свои и рацете свои. Аллах не сака да ви причинува потешкотии, туку сака чисти да ве направи и благодaтта Своја да ви ја надополни, за да бидете благодарни!