О, Пратенику, нека не те загрижува тоа што брзо го покажуваат неверувањето тие кои со устите свои велат „веруваме“, а со срцето не веруваат, и eвреите кои измислиците многу ги слушаат и кои туѓите зборови радо ги прифаќаат, а кај тебе не доаѓаат, кои смислата на зборовите од местата нивни ги извртуваат и велат: „Ако вака ви се пресуди, тогаш прифатете, а ако не ви се пресуди, тогаш не прифаќајте!“ А кого Аллах сака во заблуда да го остави, ти наспроти Аллах не можеш никако да му помогнеш. Тоа се тие чиишто срца Аллах не сака да ги исчисти; нив на овој свет ги чека понижување, а на оној свет големо страдање!