Те прашуваат што им се дозволува. Кажи: „Ви се дозволува убавата храна и тоа што ќе ви го уловат животните кои на лов сте ги подучиле, така како што Аллах вас ве научил. Јадете го тоа што тие ќе ви го уловат и споменете Го Аллаховото име при тоа, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах, навистина, брзо ги сведува сметките!“