Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и што при пад е загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклале пред да умре, и што на жртвениците е жртвувано[1], и ви се забранува гатање со стрелички.[2] Тоа е порок! Денес неверниците изгубија секаква надеж дека вие од својата вера ќе отпаднете, затоа не плашете се од нив, туку плашете се од Мене. Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера. А на тој што ќе биде принуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости и Милостив ќе биде.