О, верници, не ги омаловажувајте Аллаховите обреди на аџилакот, ниту светиот месец, ни курбаните, особено тие со оглав обележани, ниту луѓето кои тргнале кон Светиот Храм сакајќи награда и наклоност од Господарот свој. А кога обредите на аџилакот ќе ги извршите, тогаш смеете да ловите. И омразата што ја имате кон одредени луѓе, затоа што ви го оневозможија пристапот кон Светиот Храм,[1] никако нека не ве наведе да извршите насилство! Едни на други помагајте си во добродетелството и во богобојазливоста, а не соучествувајте во гревот и непријателството; и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува!