О, следбеници на Книгата, ви дојде Пратеникот Наш – откако некое време е прекинато испраќањето Пратеници – да ви објасни, за да не кажете: „Не ни дојде ниту тој што носи радосни вести, ниту тој што опоменува!“ Па ете, ви дојде тој што носи радосни вести и што опоменува! А Аллах може сè.