О, верници, давајте од убавите работи што сте ги стекнале, и од тоа што Ние од Земјата сме ви го извеле! Не издвојувајте го тоа што не вреди за да го дадете, кога ни вие тоа не би го примиле, освен со затворени очи! И знајте дека Аллах е независен и достоен за благодарност!