О, верници, не ги расипувајте своите милостини со приговарања и навреди, како што тоа го прави тој што го троши својот имот за да се покаже пред луѓето, а не верувајќи во Аллах и во другиот свет! Примерот негов е како примерот за мазната карпа на која има земја, па ќе ја погоди пороен дожд и ќе ја оголи! Тие нема да добијат никаква награда за тоа што го направиле. А Аллах не ги упатува на Вистинскиот пат луѓето што не веруваат.