Или за тој кој поминувајќи крај еден град кој беше до темели разрушен и пуст, повика: „Како Аллах ќе ги оживее овие што умреле?“ А Аллах го направи мртов стотина години, а потоа го оживеа и го запраша: „Колку остана?“ – „Ден или дел од денот“. – одговори. „Не!“ – рече Тој – „остана стотина години. Погледни ја храната своја и пијалакот свој, не се расипале! А погледни го и магарето свое, да те направиме доказ за луѓето, а погледни ги и коските, како ги составуваме, а потоа со месо ги обложуваме“. И кога нему му стана јасно, тој повика: „Јас знам дека Аллах може сè!“