А на Семуд им го испративме нивниот брат Салих[1]. „О, народе мој,“ – говореше тој – „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Еве ви знак од Господарот ваш: оваа Аллахова камила за вас е знак. Пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не злоставувајте ја, па неиздржливо страдање да ве стигне!