Влегувајте во Џехенемот со народите, со џините и луѓето кои пред вас постоеја и исчезнаа!“ – ќе рече Тој. И кога и да влезе некој нов народ, ќе го проколнува оној по кој во неверувањето се повел. А кога во него сите ќе се соберат, тогаш обичните луѓе ќе им кажат за предводниците свои: „Господару наш, овие во заблуда нè одведоа, затоа дај им двојна казна во Огнот!“ – „За сите ќе биде двојна!“ – ќе рече Тој – „Но вие не знаете“.