Има ли, тогаш, понеправеден од тој што за Аллах говори лаги и не ги признава Неговите ајети? Таквите ќе го добијат сето тоа што им е запишано. Но, кога мелеците Наши ќе дојдат душите да им ги земат, ќе запрашаат: „А каде се тие кои, наместо Аллах, ги повикувавте?“ – „Ни се изгубија“. – ќе одговорат, и самите против себе ќе посведочат дека биле неверници.