И да не кажете: „Нам да ни беше објавена Книгата, ќе се држевме на Вистинскиот пат подобро од нив“. Па ви се објавува, ете, од Господарот ваш јасен доказ и упатство и милост; и има ли тогаш понеправеден од тој што Аллаховите докази не ги признава и од нив одвраќа? А Ние со тешка мака ќе ги казниме тие што од доказите Наши одвраќаат, затоа што тоа постојано го прават!