А на Денот кога Тој сите ќе ги собере: „О, групо шејтани, вие многу луѓе заведовте!“ „Господару наш,“ – ќе речат луѓето, штитеници нивни – „ние меѓусебно си бевме од корист и стигнавме до рокот наш кој Ти ни го одреди!“ „Огнот ќе биде престојувалиштето ваше,“ – ќе рече Тој – „во него вечно ќе останете, освен ако Аллах не одреди поинаку“. Господарот твој е навистина Мудар и Сезнаен!