О, верници, кога ќе појдете во борба на Аллаховиот пат, сè добро проверете и на тој што ќе ве поздрави со селам[1] не велете: „Ти не си верник!“ – копнеејќи по минливите добра на овој свет, бидејќи кај Аллах има добра во изобилство! И вие бевте такви претходно, па Аллах ви ја подари Својата милост! Затоа, сè добро проверете, зашто Аллах е навистина известен за тоа што го правите!