Аллах веќе го потврди ветувањето Свое, кога веќе ги уништувавте, со волјата Негова, додека не го доживеавте неуспехот и за наредбата не се сложивте, и станавте непокорни, откако ви го покажа тоа што го сакате: едните од вас го сакаат овој свет, а другите оној свет! Тогаш Тој ве одвои од нив за да ве искуша! И ви прости, бидејќи Аллах е неизмерно добар спрема верниците!