Милостината им припаѓа на сиромашните кои се истоштени на Аллаховиот пат, па не можат да заработуваат, па тој што не знае мисли дека се богати поради нивната скромност и воздржливост! Ќе ги познаеш по нивниот изглед, затоа што тие не им додеваат на луѓето просејќи. А за тоа што од добрата на другите ќе им дадете, Аллах, сигурно, знае!