Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот[1] се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!