Тој ви овозможува по копно и по море да патувате. Па кога сте во бродовите, и кога тие со помош на благиот ветер ќе запловат со патниците, па тие му се радуваат на тоа; надојде ли силен ветер и брановите насрнат ли кон нив од сите страни, а тие ќе се уплашат дека ќе настрадаат, искрено Му се молат на Аллах: „Ако нè спасиш од ова, сигурно ќе бидеме благодарни!“