На овој начин Аллах им испраќа радосни вести на робовите Свои, на оние кои веруваат и прават добри дела. Кажи: „За ова не барам никаква награда од вас, освен роднинско внимание.“ А кој ќе стори добро, Ние за тоа ќе му го зголемиме доброто, бидејќи Аллах, навистина, многу простува и благодарен е.