О, верници, кога ќе ви се приближи смртта, при диктирање на тестаментот нека ви посведочат двајца праведни роднини ваши или некои други двајца, кои не се ваши, – ако сте на пат, а се појават знаци на смртта. А ако се посомневате, задржете ги по извршениот намаз (молитва) и нека се заколнат во Аллах: „Ние заклетвата за ниедна цена нема да ја продадеме, дури и да се работи за некој роднина и сведочењето кое Аллах го пропишал нема да го ускратиме, бидејќи тогаш, навистина, би биле грешници!“