Потоа, вие сепак едни со други се убивате, а поединци од вас од родниот крај ги прогонувате, помагајќи се против нив со грев и насилство, па ако ви дојдат како заробеници, вие ги откупувате. А забрането ви е да ги прогонувате! Зарем во едниот дел на Книгата верувате, а другиот го негирате?! Тие од вас кои тоа го прават, на овој свет само понижување може да ги стигне, а на Судниот Ден на најтешки маки ќе бидат ставени! Аллах не пропушта да внимава на тоа што го правите.