Тие што се хранат од каматата нема да се кренат, освен како тој кого допирот на шејтанот го избезумил. Тоа е затоа што велеа: „Каматата е иста како и трговијата“. А Аллах ја дозволил трговијата, а ја забранил каматата. На тој до кого ќе стигне поуката од Господарот негов, па се оттргне од тоа, му припаѓа тоа што претходно го стекнал, а неговиот случај Му е препуштен на Аллах. А тие кои тоа повторно ќе го сторат, ќе бидат жители на Огнот, каде вечно ќе останат.