Зарем не знаеш дека прваците на синовите Израилови после Муса на својот веровесник[1] му рекоа: „Испрати ни крал за да се бориме на Аллаховиот пат!“ „Можеби вие нема да се борите, ако ви биде пропишана борбата?“ – рече тој. „Зошто да не се бориме на Аллаховиот пат,“ – рекоа – „а ние од земјата наша сме прогонети и од синовите наши одвоени?“ А кога им се пропиша борбата, тие, освен малкумина, избегаа! А Аллах добро ги знае тие што неправедно постапуваа.