Аџилакот е во познатите месеци;[1] тој што ќе се обврзе дека во нив ќе изврши аџилак не смее да има однос со сопругата, ниту нешто лошо да прави, ниту да се препира во текот на аџилакот. А за доброто кое ќе го сторите Аллах знае. Снабдете се за на пат, а најдоброто снабдување е богобојазливоста. И плашете се од Мене, о, вие со разум обдарени!